Фиона Хил е поранешен член на Советот за национална безбедност на САД и еден од водечките експерти за Русија на Путин. Токму таа го проучуваше Путин со децении, работејќи и во републиканската и во демократската администрација.
Таа претходно изјави, пишува Net.hr, дека Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје доколку оцени дека тоа може да му биде корисно и дека светот, сакале или не, веќе е во Трета светска војна, а сега таа го потврди повторно. „За жал, шетаме низ старите историски обрасци, за кои рековме дека никогаш нема да дозволиме да се повторат“, рече таа, додавајќи дека овие стари обрасци вклучуваат западни компании кои не се гледаат себеси како помагаат да се изгради воена машина на тиранин, обожаватели кои се заљубени во „моќта“ на автократот и во тенденцијата на политичарите да покажуваат со прст за политичка добивка наместо да работат заедно за безбедноста на својата нација.
Во меѓувреме, претседателот Бајден го предупреди Путин за катастрофата што би била резултат на нуклеарен напад, а САД го зголемуваат надзорот над руската нуклеарна активност во тој период. Хил, пренесува Net.hr, истакна дека тензиите растеле уште пред војната во Украина, особено откако „Русија го анектираше Крим во 2014 година, што доведе до голема акумулација на оружје во Украина, а да не ги спомнуваме САД и Русија во конфликтот околу сириската граѓанска војна во која силите ги поддржуваат спротивставените страни“.
Таа предупреди дека сегашниот конфликт излегува од контрола. „Проблемот е, се разбира, што ние погрешно го прочитавме, но и тој погрешно не чита нас“, заклучи таа.
(TBT, SD)









