22
Израелски војници во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим) убија млад Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство, се наведува дека починал 18-годишниот Фајиз Демдум, кој беше тешко ранет во оганот што го отворија израелските војници во населбата Ајзерије, во Источен Ал Кудс.
Израелската јавна телевизија КАН, повикувајќи се на израелски безбедносни извори, објави дека Палестинец бил застрелан додека се обидувал да фрли молотов коктел врз израелските безбедносни сили. Израелските сили не дадоа соопштение во врска со овој случај.
