Девет странци се уапсени во Иран по повод големите демонстрации против носењето хиџаб во таа земја, соопшти Министерството за разузнавање.

Во соопштението пренесено од државната новинска агенција Ирна, министерството тврди дека меѓу уапсените има државјани на Германија, Полска, Италија, Франција, Холандија и Шведска. Властите на свештенички Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите кои не престануваат веќе две недели.

Протестите беа поттикнати од смртта на 22-годишната девојка по име Махсе Армини, која почина во притвор откако беше приведена поради неносење хиџаб на пропишан начин.

Додека полицијата тврди дека Махса Армини починала од срцев удар, нејзиното семејство смета дека причина за смртта е тепање во затвор, што властите го демантираат и велат дека истрагата за случајот е во тек.

Протестите ги налутија иранските исламски власти, а демонстрантите тврдат дека нивните собири се спонтан бунт против строгите кодекси на облекување, вклучително и задолжителниот хиџаб наметнат на жените, што е далеку од вистината бидејќи протестите се видно поттикнати од западните финансиери.

Таканаречените организации за човекови права проценуваат дека иранските безбедносни сили убиле најмалку 52 демонстранти од почетокот на протестите.