Се очекува реакцијата на украинските функционери кои досега ги нападнаа лидерите на сите земји кои не го следеа чекорот и мислењето на Киев, но со оглед дека Вашингтон е најголемиот финансиер на Украина, ќе биде малку потешко.

Постапката за прием на Украина во НАТО треба да се разгледа во друг момент, изјави помошникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан.

„Според нас, сега најдобриот начин да се поддржи Украина е преку практична поддршка „на терен“, а процесот во Брисел треба да се преземе во различно време“, им изјавил на новинарите Саливан.

Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави не одбиваат да ја поддржат политиката на „отворени врати“ за НАТО. „Сите одлуки за пристапување мора да се донесат меѓу 30-те земји-членки и земјите што сакаат да се приклучат“, прецизирал Саливан.

Претходно претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека Киев, како одговор на припојувањето на регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје кон Русија, поднел барање за забрзан прием во НАТО, на што веднаш негативно реагирал портпаролот на НАТО, Јенс Столтенберг.

Воена помош за Украина

Саливан додал дека САД следната недела ќе објават нов пакет воена помош за Украина. Тој додаде дека Вашингтон не ја исклучува можноста за испорака на тенкови за Украина.

„Не исклучувам ништо, но денес не сум подготвен да објавам (за испораки на) американски тенкови“, одговорил Саливан на прашањето дали САД се подготвени да испорачаат тенкови, вклучително и Абрамс, во Украина.

Според последните податоци, вкупниот обем на американската воена помош за Киев од почетокот на мандатот на Бајден достигна речиси 17 милијарди долари.