Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во четвртокот изјави дека Турција ќе ги преземе неопходните мерки во врска со грчкото кршење на демилитаризираниот статус на островите, што е кршење на меѓународното право.

Нема да седиме со скрстени раце, ќе ги преземеме неопходните мерки, рече Чавушоглу за време на митингот во турскиот град Денизли. Тој рече дека Соединетите Американски Држави преземаат чекори во корист на Грција со поткопување на политиката на неутралност, иако во минатото водеа политика на рамнотежа.

Тој, исто така, додаде дека ембаргото за оружје против администрацијата на кипарските Грци е укинато на една година. „Како земја гарант, ако даде Господ, ќе ги обезбедиме потребните засилувања на Турската Република Северен Кипар.

Одлучно ќе ги преземеме неопходните чекори за да ги заштитиме и воспоставиме сопствените интереси и безбедност, како во Егејското Море, така и на Кипар, и да ги заштитиме правата на кипарските Турци – рече Чавушоглу.