Разговор Ердоган ‒ Зеленски: Едностраните референдуми ќе ги отежнат напорите за дипломатскиот процес

by Administrator

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Се истакнува дека Ердоган и Зеленски се осврнале на случувањата во врска со Руско-украинската војна.

Турскиот претседател во телефонскиот разговор изрази големо задоволство од успешната реализација на размената на заложници меѓу Русија и Украина, за што рече дека работеле долго време.

Ердоган нагласи дека Меморандумот за извозот на украинското жито преку Црното Море функционира.

Тој нагласи дека сличен пристап може да се покаже и во врска со нуклеарната централа во Запорожје, и дека сѐ уште важи понудата за посредување за да се обезбеди отстранувањето на војниците во околината на оваа централа.

Турскиот претседател истакна дека одржувањето на едностраните референдуми во некои зони во Украина кои се под руска контрола, ќе ги отежнува напорите за ревитализирање на дипломатскиот процес.

Ердоган додаде дека Туркије е подготвена да даде секаков придонес со цел решавање на прашањето на војната преку мировни преговори.

You may also like