Ѓоковиќ беше нападнат од Арапи на социјалните мрежи поради неговата посета на Израел каде што учествува на тениски турнир.

Новак Ѓоковиќ се најде на удар на социјалните мрежи поради посетата и учеството на турнирот во Тел Авив. Тој беше нападнат од бројни твитерџии од арапскиот свет поради пораката што ја објави на својот профил и која беше почетна капсула за лавината реакции.

Новак објави рачно напишана порака што ја започна на хебрејски. „Поздрав до Израел. Многу сум среќен и возбуден што се враќам во Израел. Се радувам на големо искуство“, беше пораката на српскиот ас, која предизвика револт кај многу корисници на оваа социјална мрежа.

Општо познато е дека конфликтот меѓу Палестина и Израел трае со децении, кој однесе бројни жртви, а учеството на Новак на турнирот во Тел Авив за многумина е проблематично.

 

Многумина неговото доаѓање го окарактеризираа како посета на „окупирана земја која секогаш ги крши правата на Палестинците“, а најгласни се членовите на организацијата „Слобода за Палестина“.

„Прво, тоа е Палестина, и второ, јас не го признавам овој турнир. Нема да го гледам или поттикнувам. Се гледаме на следниот турнир. Многумина го искористија неговиот коментар дека се радува на големо искуство како причина да му испратат видеа од насилство врз Палестинците со погрдни коментари.