Поради саботажа на двата крака на гасоводот „Северен тек“, Русија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН, изјави првиот заменик претставник на Русија во ОН, Дмиртиј Полјански.
Седницата очекуваме да се одржи утре – напиша Пољански на Телеграм.
Претходно, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, најави дека Русија има намера да свика официјална седница на Советот за безбедност на ОН во врска со провокациите против гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.
Компанијата Nord Stream 2 AG во понеделникот објави дека се случила вонредна ситуација на еден од краците на Nord Stream 2 (полн со технички гас по изградбата) во водите на Данска во близина на островот Борнхолм, проследена со ненадеен пад на притисокот. . Потоа, беше забележан намален притисок на двата крака (цевководот беше исклучен на крајот на август, но остана наполнет со гас).
Компанијата соопшти дека причините исто така се непознати. Министерката за надворешни работи на Шведска, Ен Линде изјави дека инцидентот со истекување гас на гасоводите Северен тек и Северен тек 2 бил предизвикан од експлозии.
Нулта точка/медиуми









