Европската унија врши притисок врз Александар Вучиќ, претседателот на Србија, да не го одложува воведувањето санкции против Русија. Точно е, значи, дека се подготвени да воведат санкции против Србија, доколку претседателот на Србија не донесе одлука за воведување рестриктивни мерки кон Руската Федерација – категорични се соговорниците за весникот Данас од дипломатски извори.

-Доколку Европската унија се одлучи за санкции, првиот чекор ќе биде да се запре приливот на пари кон Србија, потоа да се откаже белиот Шенген, да се запрат преговорите за пристапување во Унијата, а потоа и санкции. Но, може да потрае – велат соговорниците на Данас. Тие наведуваат дека според информациите со кои располагаат, Александар Вучиќ се надева на поддршка од Виктор Орбан за да го блокира или преку Советот на ЕУ или преку еврокомесарот за соседство и политика за проширување Оливер Вархељи.

– Како што се наближува потпишувањето на договорот со Приштина, шансите да посегнат за санкции се многу мали, но Парламентот на ЕУ е послободен да донесе резолуција со која ќе ги повика Комисијата на ЕУ и Советот на ЕУ да ги прекинат преговорите, а во среде кризата во Украина ќе има поддршка од мнозинството граѓани на ЕУ – забележуваат изворите на Данас.

Со други зборови, додаваат, Вучиќ има еден ден од формирањето на владата да воведе санкции и други рестриктивни мерки против Русија и Белорусија и една година да потпише правно обврзувачки договор со Приштина. Ако не успее, следува сценариото Тадиќ-Меркел и го пуштаат низ вода.

Нулта точка/Данас