Утрово во центарот на Крањ се уште беше присутен мирис на чад, а на земја забележани парчиња опожарени дрва.
Имено синоќа околу 23 часот и 30 минути се запалила поголема, постара, напуштена зграда покрај реката Сава, која крањчани ја знаат како Мајдичев млин. Полицијата го открила пожарот.

Во рекот на пожарот околу 67 жители во близина на објекто биле евакуирани и за нив било обезбедено сместување. Никој од нив не е повреден. Според првичните информации, зградата е уништена од пожарот, постои опасност од уривање, а од високите температури во пожарот оштетени се уште еден стан во близина, неколку возила и стакло на соседните згради.
Вистинската големина и висината на штетата ќе се утврдува во увидот кој се уште не е започнат.
Околу 1 часот по полноќ пожарот бил локализиран и изгаснат во утринските часови. Пожарот го изгаснале 133 пожарникари. Како што соопштија службениците на полициската управа Крањ, Јеленов Кланац се уште е затворен за сообраќај, воспоставен е посебен сообраќаен режим. Престојот во интервентниот простор и во околината е забранет поради опасност од уривање на објектот. Криминалисти ќе извршат увид на лице место. Причината за пожарот се уште не е позната.
Извор: Gorenjski utrip









