Четвртата влада на Силвио Берлускони стана нејзина отскочна даска, бидејќи беше назначена за министерка за млади, најмладата во политичката историја на земјата. Во пресрет на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, таа го повика италијанскиот атлетски тим да ја бојкотира церемонијата на отворање, поради несогласување со политиката на Кина кон Тибет.

Таквата позиција беше критикувана од премиерот Берлускони и тогашниот министер за надворешни работи Франко Фратини. Во 2012 година, Мелони беше една од соосновачите на Браќата на Италија, партијата на која таа моментално припаѓа. Мелони никогаш не ги криела своите иредентистички ставови. Таа своевремено изјави дека Истра и Далмација мора да и бидат вратени на Италија, додавајќи дека на маршалот Јосип Броз Тито треба да му се одземе Орденот на Република Италија, бидејќи тој е најодговорен за неволјите, т.е. масовни убиства и прогони на италијанското население во Истра.

What you need to know about Giorgia Meloni, Italy's new far-right leader :  NPR

Покрај територијалните претензии, италијанскиот десничар го саботираше и влезот на Хрватска во Европската унија, условувајќи го со враќање на имотот на Евреите. Исто така, таа се најде во фокусот на јавноста благодарение на нејзините пофалби за фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, за кого тврдеше дека „е добар политичар, кој направи се што направи за Италија“.

Свесна за тежината на овие зборови, Белони ја „омекна“ својата реторика кон Дуче, посочувајќи дека тој „грешил“. Нејзината досегашна политичка кариера ја одбележаа и антимигрантските ставови, олицетворени во барањето за поморска блокада на Либија, за да се спречи доаѓањето на бегалците на „чизмата“.

Нулта точка/Вести