Полска денес им го забрани влезот на руските државјани во земјата по воздушен и морски пат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ограничувањето стапи на сила една недела откако Естонија, Латвија, Литванија и Полска ги затворија своите копнени граници за руските граѓани, забранувајќи го влезот на повеќето Руси, вклучително и оние со шенген визи.
Заменик-министерот за внатрешни работи, Бартош Гродецки минатата недела рече дека ќе има еднонеделно задоцнување за воздушните и поморските гранични премини.
Европската Унија (ЕУ) минатиот месец постигна политички договор за суспензија на договорот за визно олеснување со Русија, со што се намалува бројот на визите што земјите членки на ЕУ им ги издаваат на Русите.
Естонија, Латвија и Финска предложија целосна забрана за туристички визи за Русите низ ЕУ.
Суспендирањето на визниот договор во август следуваше по делумното суспендирање на договорот од страна на Европската Унија во февруари, кога издавањето визи беше ограничено на владини претставници, дипломати и деловни лица.










