Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на претседателот Владимир Путин да мобилизира резервни трупи за борба во Украина. „Одете храбро да ја исполните својата воена должност.
И запомнете дека ако го положите својот живот за својата земја, ќе бидете со Бога во Неговото царство, слава и вечен живот“, рече тој во средата во проповедта во манастирот Зачатев во Москва.
NEW – Patriarch Kirill, the head of the Russian Orthodox Church, proclaimed in his sermon today that soldiers dying in Ukraine would have all their sins washed away.pic.twitter.com/Uscc1zmiXZ
— Disclose.tv (@disclosetv) September 25, 2022
Кирил ги повика луѓето да одговорат на повикот, набргу откако руските власти соопштија дека до 300.000 резервисти ќе бидат повикани да се борат. За време на својата проповед Кирил изјавил дека личноста со „вистинска вера“ не подлежи на страв од смрт.
Нулта точка








