Во бранот протести кои го зафатија Иран по смртта на 22-годишната девојка Махса Амини, досега загинаа најмалку 41 лице, јави денеска државната телевизија.
Протести по нејзината смрт избија во повеќето од 31 провинција во Иран, објави Ројтерс. Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека Иран мора „одлучно да се справи со оние кои ја поткопуваат безбедноста и мирот на земјата“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извештај на иранските државни медиуми.
Раиси ова го изјави за време на телефонски разговор, во кој изрази сочувство до семејството на припадникот на безбедносните сили кој беше убиен на протест минатата недела.
Раиси рече дека провладините демонстрации во Иран ја покажале целосната моќ на Исламската Република, а Ројтерс објави дека провладините демонстранти повикале на егзекуција на луѓето кои протестирале против режимот откако починала 22-годишна девојка, велат тие, како резултат на тортура од таканаречената полиција.за морал.
Амини, девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран минатата недела поради непочитување на правилата за хиџаб, што предизвика демонстрации во неколку области, вклучувајќи го и главниот град.
Нулта точка/Вести









