Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е шокиран што Израел не испрати оружје во Украина како што тоа го правеше Западот.

„Не разбирам што се случи со Израел, шокиран сум. Израел не ни даде ништо, нула“, им изјавил Зеленски на француските новинари. Тој додаде дека во исто време израелската влада испраќа оружје во други земји. „Разбирам дека треба да ја бранат својата територија, но од нашето разузнавање дознав дека Израел всушност испорачува одбранбени системи на други земји“, додаде Зеленски.

Русија започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари по барање за помош од жителите на Донбас. (ТБТ)