Аеродромот во Монпеље на југот на Франција е затворен откако товарен авион ја промашил пистата и влета во блиското езеро. Регионалните власти соопштија дека во „боингот 737“ имало три лица и дека тие не се повредени.

Предниот дел на авионот застана во тревата и езерската вода во близина на аеродромот. Надлежните посочуваат дека аеродромот е затворен за патнички и карго сообраќај се додека не се отстрани авионот. Причината за несреќата е под истрага.

(Vijesti.ba / Срна)