Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека се благодарни и ја ценат поддршката на Туркије и на претседателот Реџеп Таип Ердоган за 215-те Украинци кои беа екстрадирани во земјата по размената на затвореници со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На твитер-профилот на Министерството за надворешни работи на Украина споделено е соопштение во врска со враќањето на 215-те воени заробеници во Украина како резултат на дипломатските комуникации реализирани од претседателот Ердоган.
„Украина е благодарна на Туркије и лично на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за посредничките напори што овозможија враќање на 215 лица од руско заробеништво. Многу ја цениме оваа поддршка“, пишува во соопштението на Министерството.
Претседателот Ердоган во интервјуто дадено за медиумите во „Туркеви“ во Њујорк, оценувајќи ја посетата на САД, истакна дека како резултат на дипломатската комуникација со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, 200 воени заробеници се разменети меѓу Русија и Украина.








