Во полициска потера во Милано, при превртување на службено возило, полесно се повредени двајца полицајци.

Полицијата била во потера по криминалци кои бегале со Ауди и во еден момент се судриле со Ферари, по што завршиле на покривот. Потерата била во центарот на Милано во близина на бедемот на Порта Венеција.

Во потерата учествувало и Ферари. Според првите неофицијални информации, Ферарито го бркало Аудито кое не го почитувало првенството на минување, а во потерата се вклучила и полицијата која имала сообраќајна несреќа, а полицајците се полесно повредени.

Погледнете го видеото подолу…