Лука Модриќ и Душан Тадиќ, капитените на хрватската и српската фудбалска репрезентација, нема да ја носат лентата со виножито на претстојното Светско првенство во Катар.
Истиот став го зазеде и капитенот на Португалија Роналдо (Кристијано), како и селекцијата на Шпанија. ФИФА беше под притисок на неколку европски конфедерации кои бараа нивните капитени да носат ленти со виножито на Светското првенство, што ја симболизира борбата против каква било дискриминација во фудбалот. Ниту капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, ниту селекцијата на Шпанија нема да учествуваат во кампањата „Една љубов“ против дискриминацијата во фудбалот, додека капитенот на Полска Роберт Левандовски ќе носи знаме во боите на украинското знаме, кое му го врачи легендарниот Андриј Шевченко. ).
Осум од 13 европски селекции сакаат да ја носат лентата со бои на виножитото (Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Англија, Велс, Белгија и Данска). Во кампањата не учествуваа Хрватска, Србија, Португалија и Шпанија, додека капитенот на Полска Роберт Левандовски ќе носи лента околу раката во боите на украинското знаме.









