Израелскиот премиер го поддржа решението за две држави

by Administrator

Израелскиот премиер Јаир Лапид во четвртокот повика на решение со две држави за повеќедеценискиот конфликт на Израел со Палестинците и повтори дека Израел ќе стори „се што е потребно“ за да го спречи Иран да развие нуклеарна бомба, пренесува Ројтерс. Изјавите на Лапид на Генералното собрание на Обединетите нации доаѓаат откако израелските лидери со години избегнуваа какво било спомнување на ова прашање во ОН.

„Договорот со Палестинците, заснован на две држави за два народа, е вистинската работа за безбедноста на Израел, за економијата на Израел и за иднината на нашите деца“, рече Лапид. Тој додаде дека договорот ќе биде возможен само под услов да се работи за мирна палестинска држава која нема да му се заканува на Израел. За време на неговата посета на Израел во јули, американскиот претседател Џо Бајден го поддржа решението за две држави.

You may also like