Мајката на Абдур-Рахман, објаснувајќи го овој дар од Бога, вели дека многу ја сакала Сура Ел-Кехф, а за време на бременоста секојдневно ја проучувала, што и давало спокојство, смиреност и самодоверба.
Кога слушаше музика, нејзината состојба се менуваше, а при слушањето на Куранот се враќаше нејзината состојба на смиреност. Гласот на Божјото слово допре до срцето на фетусот. Пофален е Оној што создава! А научниците тврдат дека фетусот е под влијание на она на што била изложена неговата мајка. Таа исто така објаснува дека детето го научило Куранот слушајќи ја сателитската програма „Ел-Афаси“, особено во моментите кога таа извршувала намаз, а неговиот татко Мухамед Фарих верува дека е можно слушањето на Куранот влијаеше на детето уште пред неговите очи да го видат овој свет.

Абдур-Рахман се истакнува со звучен глас, јасен изговор и прецизност во учењето, тој никогаш не пропушта салават за Пратеникот кога ќе се спомене неговото име. Постојано ги рецитира сурате Ел-Фелек и Ан-Нас и никогаш не спие пред да ги каже молитвите пред спиење. Во Алжир, Абдур-Рахман беше крунисан со титулата „Витез на Куранот“, а беше покриен со „златна облека“ од шеикот на Куранот, Мухамед Решад, во џамијата Ел-Акса.
Дали некој од нас видел и слушнал дете кое нема ни три години, а го знае Куранот на памет?! Знаеме дека преокупациите на децата во третата година од животот се играње, плачење, спиење… Само Тој, Севишниот, може да му даде на Својот слуга дека првите зборови што ќе ги изговори се од Куранот, и дека на на возраст помала од три знае повеќе од 600 страници напамет. Фала му е на Аллах, Господарот на световите. Емир Брашњиќ – Преродба









