Потсетуваме дека ТВ-обраќањето на Путин, прво по 24 февруари и почетокот на агресијата врз Украина, беше закажано за 19 часот. Но, тоа очигледно нема да се случи вечерва и светот може да здивне, барем за малку.
Аналитичарите очекуваа Путин да зборува за најавените референдуми во окупираните региони, нивното припојување кон Русија, можна општа мобилизација, објавување војна… Сергеј Марков, руски политички аналитичар кој беше советник на Путин, вели дека неговото обраќање до нацијата е одложено за утре, пишува Sky News. Од друга страна, уредничката на порталот Russia Today Маргарита Симонјан штотуку напиша на Телеграма – Можете на спиење.










