Од околу една милијарда долари воена помош што ја најави американскиот Стејт департмент за 17 европски земји, 23 милиони ќе бидат наменети за Црна Гора за зајакнување на одбранбениот сектор. Засега не се знае колку пари ќе добијат останатите земји од Западен Балкан. На списокот не е Србија.

Од Стејт департментот за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјавија дека оваа помош, која се доделува и на Украина, ја покажува посветеноста на Соединетите држави „на иднината на Украина како демократска, суверена и независна држава, како и до безбедноста на сојузниците и партнерите низ целиот регион“.

Колку помош добиваат Украина и другите?

Откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го започна својот мандат во јануари 2021 година, тие доделија околу 15,2 милијарди воена помош за Украина, особено од крајот на февруари кога Русија започна инвазија врз таа земја.

Меѓутоа, на 8 септември американскиот државен секретар Ентони Блинкен при најавата за дополнителна долгорочна инвестициска помош од 2,2 милијарди долари за првпат најави дека ќе обезбеди пари за Украина и 17 соседни земји. Преку програмата за надворешно воено финансирање, Украина ќе добие една милијарда долари, а остатокот ќе биде распределен меѓу другите земји.

Повеќе на РСЕ