Словенија ќе испрати 28 тенкови во Украина

by Administrator

Словенечкиот премиер Роберт Голоб во понеделник постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија од Берлин ќе добие 40 германски транспортни возила, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер.

Голоб и Шолц во понеделникот во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони и осум тешки тенкови од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.

Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и ситуацијата во Западен Балкан, при што ја поддржале европската перспектива на земјите од тој простор, пренесува Хина пишувањето на словенечката агенција СТА.

(Vijesti.ba / ФЕНА)

You may also like