Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван во неделата, по што самоуправниот остров во близина на источниот брег на Кина беше погоден од неколку последователни потреси, јавува Анадолија. Епицентарот бил во близина на градот Тајтунг на југоисточниот брег. Локалните медиуми јавуваат дека се урнала двокатна станбена зграда. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како пожарникарите во Тајван ги спасуваат луѓето затрупани во урната зграда.

Во оваа зграда се спасени две лица, а две се уште се заробени. Управата за железници на Тајван соопшти дека три вагони излетале од шините на станицата Донгли во источниот дел на Тајван откако се урна дел од настрешницата на платформата, при што околу 20 патници се евакуирани и неповредени.