Испораките на руски гас во Турција делумно ќе бидат платени во рубли, изјави претседателот Владимир Путин за време на состанокот со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во петокот.
Состанокот се одржа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Самарканд, Узбекистан. „Подготвени сме значително да ги зголемиме испораките за Турција во сите правци што се од интерес [за земјата]. „Нашиот договор за испорака на природен гас од руско потекло во Турција со плаќање на 25 отсто од овие испораки во руски рубљи ќе почне да функционира што е можно поскоро“, рече рускиот претседател.
Порано имаше информации дека Ердоган има намера да побара од Путин попуст од 25% за испораките на гас. Според извештајот на Блумберг, кој се повикува на извори меѓу високи турски функционери, Ердоган има намера да дозволи плаќање на дел од испораките во турски лири.
(ТБТ)








