Обилни дождови и поплави го погодија централниот италијански регион Марке доцна во четвртокот, при што загинаа најмалку седум лица, а три се водат како исчезнати, објавија италијанските медиуми во петокот.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. Околу 400 милиметри дожд паднале за два до три часа, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

На снимката објавена од локалните пожарникари се гледа како некои од спасувачите се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија за да стигнат и да ги евакуираат луѓето. Пијанело ди Остра (Анкона) е едно од најпогодените места од поплавата. Според властите, спасувачите сè уште трагаат по преживеани. Погледнете ги видеата подолу…