Неодамна бевме во посета на Турција. Таму пробавме пијалок што го нарекуваат „пијалок на долг живот“.
Еднаш неделно во домашното кафе (турско) додаваат пола лажичка природен мед и малку сок од лимон. Во Турција се верува дека кафето подготвено на овој начин има смирувачки ефект врз телото. Медот, кој содржи фруктоза и гликоза, многу добро му помага на црниот дроб и го намалува шеќерот во крвта.
Лимонот го намалува крвниот притисок и го зајакнува имунитетот. Поради сите овие корисни својства, овој пијалок е наречен „пијалок за долговечност“. Сепак, овој пијалок не треба да се злоупотребува, бидејќи може да предизвика негативни реакции кај луѓето склони кон алергии.
Подготовка: Сварете средно јако кафе, па истурете го во шолја. Кога малку ќе се олади додадете мед и неколку капки лимон. Пијте го овој напиток барем еднаш неделно, не повеќе од тоа.








