Најмалку 85 лица се повредени во судир на четири метробуси во квартот Авчилар во европскиот дел на Истанбул. Несреќата се случила на станицата, каде прво директно се судриле два метробуси, а потоа во тие возила удриле уште два метробуси.
На местото на несреќата пристигнале надлежни служби, а сообраќајот на тој патен правец бил привремено запрен, што предизвикало голем метеж. Надлежното истанбулско претпријатие за јавен транспорт ИЕТТ соопшти дека 85 повредени лица се пренесени во болници. „Повредените се хоспитализирани и будно ја следам ситуацијата.
Во моментов никој од нив не е во животна опасност“, се наведува во соопштението на ИЕТТ. Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја се огласи на социјалните мрежи и им посака брзо закрепнување на повредените.
Извор: АА








