Претседателот на Република Турција ја заврши официјалната посета на Србија и допатува во Загреб во официјална посета на Хрватска. Во рамки на својата балканска турнеја, Ердоган вчера ја посети Босна и Херцеговина, а денеска беше во Србија, каде на белградскиот аеродром беше испратен од неговиот српски колега Александар Вучиќ. Ердоган вечерта слета на аеродромот во Загреб, каде што го пречекаа претставници на хрватските и турските институции, пишува АА.

Во бројната делегација предводена од Ердоган во посетата на Хрватска се неговата сопруга Емине Ердоган, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, министерот за трговија Мехмет Муш, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК Партија) Нуман Куртулмуш, помошник на претседателот и портпарол на АК партијата Омер Челик, помошник на претседателот на АК Партијата Ефкан Ала, претседателката на женската партија АК Ајше Кесир, шефот на Дирекцијата за верски прашања на Турција Али Ербас, шефот на Дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун, портпарол на Претседателството на Турција Ибрахим Калин, раководителот на Дирекцијата за одбранбена индустрија Исмаил Демир, претседателот на Советот за високо образование на Турција Ерол Озвер и многу други функционери и бизнисмени од Турција.