Емине Ердоган, сопруга на претседателот Реџеп Таип Ердоган, придружувана од Тамара Вучиќ, сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, го посетија породилниот дом на улицата Звечанска во Белград, во јавноста познат како „Звечанска“.

Емине Ердоган престојува во Белград во рамки на посетата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на Србија. Сопругата на турскиот претседател и првата дама на Србија го посетија Породилниот дом чија реконструкција, опремување и украсување заврши во 2020 година од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Надлежните од ТИКА ги информираа дека досега во тој центар се реализирани многу проекти со фокус на мајките и децата. Изјавувајќи дека ТИКА е гордост на Турција, првата дама на Турција рече дека Породилниот дом е многу убаво уреден и има се што е потребно за работа.

Тамара Вучиќ се заблагодари на Емине Ердоган, на вработените во ТИКА и на турската организација. „Порано ова беше мала монтажна куќа со примитивни услови, но сега е претворена во овој прекрасен центар.

Сигурна сум дека жените овде психолошки ќе закрепнат на најдобар начин и ќе најдат мир и сигурност“, рече таа. Емине Ердоган и Тамара Вучиќ при нивната посета им доделија специјални подароци на мајките и децата. Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган синоќа беше во посета на Србија каде денеска се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Регионалната турнеја Ердоган ја започна вчера со посета на Босна и Херцеговина.

Извор: АА