Еден од најпрогресивните германски католички бискупи ја нарече хомосексуалноста „Божја волја“, велејќи за еден христијански магазин дека се предомислил за ова прашање. – Хомосексуалноста не е Божја вина, туку Божја волја, исто како и самото создавање – изјави бискупот Хелмут Дизер за медиумите Christ & Welt.

– Да, мојот поглед се промени – додаде тој.

Католичката црква ја смета хомосексуалноста за грев. Според Црквата, да се биде хомосексуалец не е кривично дело само по себе, туку хомосексуалниот чин е.

Конгрегацијата за доктрина на верата минатата година одлучи дека на католичките свештеници не им е дозволено да го вршат обредот на благослов на хомосексуални партнерства. Дизер изјави дека е свесен дека Рим сè уште ја смета хомосексуалноста за грев, додавајќи дека овој концепт е сомнителен. – Кога станува збор за љубовта, таа љубов која е еротска форма, кога телото станува израз на таа љубов и нејзиниот јазик, тогаш мислам дека љубовта не може да биде грев – рече владиката.

(Vijesti.ba / Аваз)