Уапсен е осомничениот за престрелката во Словенија, во која едно лице загина, а три лица беа ранети, соопшти полицијата во Новo Место.

Се претпоставува дека станува збор за осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, кој вчера уби 22-годишен маж од Новo Место на главниот пат меѓу Мирна Печа и Новo Место кај Брезје.

Уште три лица, една жена и двајца мажи на возраст од 19 до 27 години, се ранети и пренесени во болница. Полицијата соопшти дека осомничениот, кој веќе има криминално досие, бил во бегство, вооружен и опасен. Истрагата продолжува.