Додека група од околу 1.000 луѓе одржуваа демонстрации за поддршка на Русија, која е во војна со Украина, во градот Келн, Германија, повеќе од 200 луѓе протестираа против демонстрантите и извикуваа проукраински слогани, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на про-Москва се собраа на плоштадот Ронкали во центарот на Келн, носејќи руски и германски знамиња. Во своите говори, проруските демонстранти се спротивставија на германската помош во оружје за Украина и ја критикуваа зголемената инфлација во земјата.
Демонстрантите, кои маршираа со транспаренти и плакати во рацете, со слогани ги поддржаа Русија и претседателот Владимир Путин. Од другата страна, групата „Келн против десницата“, која се собра на плоштадот Курт-Хакенберг, одржа контра-демонстрација. Групата побара Русија, за која рекоа дека неправедно ја нападна Украина, да се повлече од украинската територија и да заврши војната.
Двете групи не се соочиле бидејќи полицијата презела опсежни безбедносни мерки. Демонстрациите завршија без инциденти. Сепак, тројца руски приврзаници биле приведени и ослободени откако беа проверени податоците за нивниот идентитет.









