Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во вторник, 6 септември, ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Ова денеска го потврди и Претседателството на БиХ.
Програмата на посетата вклучува свечена церемонија за пречек со воени почести, по што ќе следи средба со претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ. Ердоган претходно изјави дека Балканот е особено важен за Турција, најавувајќи посета на три балкански земји во првата недела од септември. По БиХ, Ердоган ќе ја посети Хрватска каде ќе учествува на отворањето на Исламскиот центар во Сисак.
Предвиден е и хрватско-турски економски форум, а во официјална посета ќе допатува и неговата сопруга. Турскиот претседател ќе се сретне и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, со претседателот Зоран Милановиќ и со претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.
(Vijesti.ba)










