Како што наративот за Ковид се распаѓа сè побрзо, станува сè појасно дека невакцинираните се вистинските херои на денешното општество, ако се земе предвид на што се изложени во последните неколку години.

Притисоците за вакцинирање беа неверојатни, невидени во историјата, луѓето беа практично уценувани со своето постоење или им беа одбиени медицинските процедури доколку не беа вакцинирани. Без разлика дали ги поддржувате вакцините или не, на сите треба да му биде јасно дека ваквиот притисок е апсолутно неприфатлив во едно демократско општество.

Се чини дека тоа го сфатил еден (вакциниран!) австралиски лекар кој напишал многу инспиративно писмо во кое изразува големо воодушевување за невакцинираните, нивната упорност и храбра борба за слобода. Дел Бигтри го прочита тоа писмо во неговата емисија, погледнете го видеото со преводот. А да додадеме и дека поради ова видео на YouTube веќе една недела сме блокирани од каналот Searching for Truth, поради наводна „медицинска дезинформација“, иако видеото не содржи лекарски совет, туку едноставно мислење на доктор. Уште едно потсетување до какви зачудувачки размери порасна цензурата на ова криминално медицинско-фармацевтско-технолошко лоби.