Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 27 август изјави дека Парадата на гордоста закажана за септември во Белград се откажува или одложува.

Наведе и дека се загрозени правата на малцинството, но рече и дека државата е под притисок од сите страни. Не е прашање дали тие (притисоците) се посилни, само во одреден момент не можеш се да постигнеш и тоа е тоа“, изјави Вучиќ.

Владата на Србија соопшти дека сметаат „дека во овој момент нема услови за безбедно одржување на настанот EuroPride 2022“, и потенцираат дека при донесувањето на оваа одлука ја зедоа предвид „актуелната политичка ситуација во регионот и дневни тензии кои се присутни“.

Во соопштението се додава „дека некои екстремистички групи би можеле да го искористат и злоупотребат овој настан и волјата на Србија да го организира со цел дополнително да ги зголемат тензиите и да ја доведат Србија во нестабилност“.

БИЛЧИК РАЗОЧАРЕН ОД ОДЛУКАТА

Владимир Билчик, известувач за Србија во Европскиот парламент, за Радио Слободна Европа изјави дека е разочаран од одлуката за откажување или одложување на Europride. „Разочаран сум кога ја слушнав веста дека одржувањето на Европрајд 2022 во Белград, планирано за средината на септември, е доведено во прашање. Ова испраќа загрижувачки сигнал за досегашната работа на Србија во заштитата на основните права, основните слободи и еднаквоста“, рече Билчик.

МИХАИЛОВИЌ: ДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО ОТКАЖЕ ЕВРОПРАЈД 

Марко Михаиловиќ од здружението „Белград Прајд“ во својата реакција рече дека државата не може да го откаже Еуропрајд.

 

„Моќе да има само обид да се забрани,  што би било јасно кршење на Уставот, како и на пресудата на Уставниот суд со која забраните на Прајд од 2011, 2012, 2013 година се прогласени за неуставни“, напиша Михаиловиќ во објавата на Твитер. Во 2013 година, Уставниот суд на Србија заклучи дека забраната за Парадата на гордоста во Белград во 2011 година е неуставна и дека го прекршува членот 54. Михаиловиќ најави и дека Прајд ќе се одржи според планираното на 17 септември во 17 часот пред Собранието на Србија.

Европската асоцијација на организатори на гордоста, чадор организација за сите организатори на паради на гордоста во Европа, на 27 август објави дека Европрајд во Србија нема да биде откажана. Во соопштението на тоа здружение се вели дека секоја забрана би била незаконска. Одговарајќи на повиците за откажување на Europride 2022 организирана од Belgrade Pride во Србија, претседателката на Европската асоцијација на организатори на Pride, Кристине Гарина, рече дека ниту домаќините на Europride 2022, Belgrade Pride, ниту здружението како давател на лиценца нема да го откажат Europride во Белград.