Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во гостувањето во утринското гостување  на ТВ Прва ја коментираше одлуката за откажување на Евро Прајд. Брнабиќ истакна дека во наредниот период ќе има одредени средби, како и дека сите капацитети во септември ќе бидат насочени кон Косово и Метохија.

За одложувањето на „Еуро прајд“, таа посочи дека СНС за првпат го обезбедила Прајд, како и одржувањето на парадата во претходните осум години, што, вели, покажало колку партијата ги почитува човековите права. „Ќе имам средби во наредните денови. Ова и го кажувате на Владата, на крајот на краиштата, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и на партијата која обезбеди Прајд во Србија.

Таа партија се погрижи Прајд да се одржува осум години и покажа до која мера се почитуваат човековите права. Оваа година е тешка. Овој септември е тежок. Нè чека пекол. Нашиот мир и стабилност… Сите наши капацитети мора да бидат насочени кон спречување на какво било решавање на т.н Косово, а ако некој дел оди на Прајд – Србија ќе биде поранлива“.