Борбите доаѓаат по долготрајните тензии меѓу двете влади кои се борат за контрола на земјата и огромните резерви на нафта.
Најмалку 12 загинаа, а 87 се ранети во судирите во текот на ноќта во саботата во Триполи, либискиот главен град, соопшти Министерството за здравство во последниот бран на борба за власт меѓу двете ривалски влади во северноафриканската држава богата со нафта.
Шест болници во Триполи беа погодени во борбите, што предизвикува страв од нова војна во Либија, која е во хаос по соборувањето и атентатот на лидерот Моамер Гадафи во 2011 година. Ривалските групи размениле оган во либискиот главен град во саботата, зголемувајќи ги стравувањата од сеопфатен конфликт во земјата зафатена од сериозна политичка криза. Борбите доаѓаат по неколкумесечна зголемена тензија меѓу двете влади кои се борат за контрола на северноафриканската земја и нејзините огромни резерви на нафта.
Престрелки и експлозии потресоа неколку населби на Триполи во текот на ноќта во петокот, со густ чад што извира од оштетените згради. Двете ривалски групи меѓусебно се обвинија за немири. На интернет кружат видеа од запалени автомобили и згради зафатени со куршуми, како и џамии и болници во пламен. Мисијата на ОН во Либија повика на „итен прекин на непријателствата“ и предупреди на „тековни вооружени судири, вклучително и недискриминирачко средно и тешко гранатирање на населби населени со цивили“ со оштетени болници.
Гнев и тага поради смртта на актерот Американската амбасада во Либија соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради конфликтот. Портпаролот на брзата помош во Триполи, Усама Али за телевизијата Ал-Ахрар изјави дека непознат број цивили се ранети, но дека брзата помош „има потешкотии во движењето“. Локалните медиуми јавија за загинати, но нема официјални податоци. Новинската агенција Лана објави дека актерот Мустафа Барака е убиен во една од населбите каде што избувнаа борбите, што предизвика бес и тага на социјалните мрежи.
Владата на национално единство (ГНУ) на Абдулхамид Дбеибах соопшти дека судирите избувнале по прекин на разговорите за избегнување крвопролевање во западниот град.

Владата на Дбеиба, поставена како дел од мировниот процес предводен од Обединетите нации по претходната рунда насилства, се соочи со отпор од ривалската влада предводена од поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башага. Башага, кој е поддржан од либискиот парламент и воен моќник на истокот Калифа Хафтар, тврди дека мандатот на ГНУ е истечен.
Но, тој не успеа да ја преземе функцијата во Триполи бидејќи Дбеиба инсистираше на пренесување на власта само на избрана влада. Меѓусебни обвинувања Владата на Дбеиба го обвини Башага за „исполнување на неговите закани“ да ја преземе контролата врз Триполи. ГНУ изјави дека имало разговори за „одржување избори на крајот на годината за да се реши политичката криза“, но дека Башага „се повлече во последен момент“.
Башага беше назначен во февруари од парламентот, кој беше избран во 2014 година и се наоѓа во источниот град Тобрук, но тој не успеа да ја наметне својата власт во Триполи. На почетокот тој ја отфрли можноста за насилство, но поранешниот министер оттогаш навести дека може да прибегне кон сила. Тој минатата недела го повика „чесниот народ на Либија“ да престане да ја поддржува „застарената и нелегитимна“ влада на Дбеиба. Во јули, 16 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судирите меѓу ривалските групи во Триполи. Тоа беше најсмртоносното насилство во либиската престолнина од неуспешниот обид на Хафтар да го преземе насилно во 2019 и 2020 година.
(ТБТ)







