Речиси 1.000 луѓе загинаа од средината на јуни досега, во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во Пакистан.

Информациите за жртвите денеска ја соопштија локалните власти. Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф вчера побара меѓународна помош за санирање на штетите предизвикани од поплавите, кои предизвикаа илјадници внатрешно раселени лица. За време на сезоната на монсуните, која започна во јуни, имаше екстремно силен дожд во Пакистан. Во земјата е прогласена вонредна состојба, јавува б92.

(Vijesti.ba / NN)