Турција во петокот го минимизираа значењето на американското предупредување дека турските компании би можеле да бидат санкционирани поради водење бизнис со руски компании кои веќе се под санкции поради војната во Украина, пишува dpa.

Турската деловна асоцијација TÜSIAD претходно оваа недела потврди дека добила писмо од американското Министерство за финансии во кое ги предупредува компаниите дека може да бидат санкционирани поради соработка со руски компании кои се на црната листа на САД, објавија локалните медиуми. „Глупост“ е турските компании да се грижат за писмото од Вашингтон, напиша турскиот министер за финансии Нуредин Небати на Твитер.

Анкара е решена да ја подобри трговијата „со нашите соседи во различни сектори во рамка која не е предмет на санкции“, рече тој. Нашиот деловен свет секогаш треба да ја чувствува силата на државата на своја страна“, рече Небати. Членката на НАТО Турција се позиционираше како посредник меѓу Украина и Русија откако Москва ја нападна соседната земја во февруари. И додека Анкара ја критикуваше Москва, таа одби да се приклучи на западните санкции, наведувајќи ја нејзината зависност од рускиот туризам, трговија и енергија.

Дополнително, Турција ќе и плаќа на Русија дел од сметката за природен гас во рубли и сака дополнително да ги зајакне економските врски, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата со Владимир Путин во Сочи, Русија, претходно во август.