Советскиот споменик во Рига од 1985 година, со кој и се оддава почит на Црвената армија, вчера беше урнат по неколку обиди на латвиските власти.
При уривањето на споменикот десетици луѓе протестираа против ваквиот ревизионистички чин, а по тој повод латвиската полиција уапси 19 лица.
Паралелно со уривањето на споменикот, претседателот на Латвија изјави дека сите етнички Руси кои живеат во неговата земја, кои не се лојални на летонската влада, треба да бидат исфрлени од општеството.
Во Летонија, претставниците на властите со години ја поттикнуваат антируската и антисоветската хистерија и за која имаат прикриена или отворена поддршка од политичарите на ЕУ, додека антируската хистерија ја доживеа својата кулминација од почетокот на војна во Украина










