Првата дама на САД Џил Бајден повторно е позитивна на САРС-КоВ-2 денес (24. август), само три дена откако таа го „победила“ КОВИД-19 при уште еден релапс по третманот со лекот Пакловид на Фајзер, според нејзиниот портпарол.

„Првата дама не доживеала повторување на симптомите и ќе остане во Делавер каде што повторно ги започнала процедурите за изолација“, изјави нејзината портпаролка Келси Доноху во соопштението.

Џил веќе била позитивна на 16 август, по што и бил препишан „лекот“ Пакловид, по што се огласила на социјалните мрежи пишувајќи дека е благодарна за четирите дози од вакцината бидејќи и помогнале да добие поблага форма. Дали повторно ќе биде благодарна за вториот позитивен тест за само една недела?, останува да видиме…

Нулта точка