Неговото семејство соопшти дека тој штрајкувал 170 дена и дека пиел само вода, а на фотографијата што ја покажал неговиот адвокат се гледа дека Ававди е во лоша состојба, како лежи во болнички кревет.
Во неделата судот ја одби жалбата на адвокатот кој побара итно ослободување поради влошената здравствена состојба на неговиот клиент. Израелската војска го уапси во декември 2021 година, тврдејќи дека е оперативец на палестинскиот исламски џихад, обвинение кое неговиот адвокат го негираше.
Тој е само еден од неколкуте палестински затвореници кои минатите години започнаа долги штрајкови со глад во знак на протест против израелската политика на административен притвор. Израел вели дека политиката ги држи опасните милитанти надвор од улиците и и дозволува на владата да приведува осомничени без да открие чувствителни разузнавачки информации. Абас повика на ослободување на затворениците Семејството на Ававди вели дека тој не јаде од март, кога го започна штрајкот, а неговата состојба се влоши минатата недела.
Со оглед на неговата состојба, израелската војска го суспендираше неговиот административен притвор кога беше хоспитализиран, дозволувајќи му на неговото семејство да го посети. Палестинскиот претседател Махмуд Абас претходно денеска повика на ослободување на сите палестински затвореници од израелските затвори. Според палестински извори, во израелските затвори има близу 4.550 палестински затвореници, вклучувајќи 175 малолетни и 27 жени, заедно со 670 затвореници кои се во израелски административен притвор без обвинение или судење. (
TBT, Flash)








