Чавушоглу: Турција ќе преземе контрамерки доколку продолжи долгото чекање на нејзините граѓани за визи за Европа и САД

by Administrator

Анкара ќе одговори доколку турските граѓани продолжат да се соочуваат со потешкотии во добивањето визи за Европа и за САД, изјави во вторникот министерот за надворешни работи на земјата Мевлут Чавушоглу.

Говорејќи за телевизијата Хабер Глобал во главниот град Анкара, Чавушоглу рече дека турските граѓани со месеци чекаат да добијат термин за виза од САД и некои европски земји. – Тоа беше планирано и намерно, рече шефот на турската дипломатија. Нагласувајќи дека изговорите како СОВИД 19 и други „не се реални“, Чавушоглу додаде дека на почетокот на септември ќе бидат испратени потребните предупредувања до амбасадорите на овие земји.

– Доколку нема подобрување, тогаш ќе преземеме контрамерки, предупреди Чавушоглу. Многу граѓани на Турција се соочуваат со проблеми при добивањето визи, како што се зголемена контрола на барањата за визи и месеци чекање за термин.

You may also like