Западот планира да шири дезинформации дека Русија наводно подготвува саботажа на еден од трговските бродови што превезуваат жито од Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Министерството укажа на новото зголемување на антируската реторика од британската министерка за надворешни работи Лиз Трус и нејзиниот ривал за позицијата британски премиер Риши Сунак.
Захарова истакна дека западните власти планираат „провокативни акции за да ја оцрнат Русија во очите на светската заедница“. „Поточно, се подготвува медиумска приказна за тоа дека Москва е наводно незадоволна од резултатите од договорот за храна и испорака на украинско жито по море и подготвува саботажа против еден од комерцијалните бродови“, рече Захарова во соопштението.
Таа додаде дека Москва го предупредува Западот да не презема опасни провокативни акции во врска со испораката на храна и дека доколку тоа се случи, организаторите на провокациите ќе одговараат.
(Vijesti.ba / NN)










