Шпанија е една од земјите најтешко погодени од ширењето на мајмуните сипаници. Поради големиот број пациенти и малиот број вакцини, шпанските власти денеска одобрија нова стратегија за борба против болеста, која овозможува поголем број луѓе да се вакцинираат со помали дози од вакцината.

Секоја доза од германската вакцина Имванек, единствената во моментов достапна, ќе биде поделена на пет дози, со исклучок за бремени жени и лица со ослабен имунитет, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс. Шпанија прими уште 5.000 дози од вакцината, а досега се спроведени вкупно околу 17.000 дози.

Со новата стратегија, Шпанија оди по стапките на Велика Британија, која денеска и одобри употреба на помали дози на вакцината против мајмунски сипаници, по минатонеделната одлука на Европската агенција за лекови да дозволи „пониски дози“. Шпанија е меѓу земјите најтешко погодени од ширењето на болеста, со повеќе од 6.110 случаи регистрирани од мај.

Во светот, повеќе од 40.000 случаи се пријавени во 80 неендемични земји.

Нулта точка/Вести