Две лица се повредени во трговски центар во шведскиот град Малме, а на местото на несреќата излегле неколку полициски патроли. „Луѓето кои плачеа излегоа од трговскиот центар и рекоа дека слушнале пукотници“, рече еден очевидец, објави весникот „Сидсвенскан“ од Малме.

Портпаролот на полицијата потврди дека имало пукање и дека во трговскиот центар имало голем број вооружени полицајци.

Весникот додава дека засилување е на пат за полицијата во Малме, која ќе дојде од градот Хелсингборг.