Силна експлозија се случи вечерва за време на вечерната молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу мртви и повредени, соопшти полицијата. Претставник на талибанското разузнавање изјави дека можеби се убиени или повредени 35 лица.

Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале 20 лица. Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете. Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата.

(Vijesti.ba)