Израел и Турција целосно ги обновуваат дипломатски односи, објави израелскиот премиер Јаир Лапид во изјавата во средата. Сега двете земји ќе разменат амбасадори. Одлуката доаѓа по посетата на Лапид на Анкара и неговите средби со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговиот разговор со претседателот Реџеп Тајиб Ердоган. „Во светло на позитивниот развој во односите меѓу Израел и Турција во текот на изминатата година, двете земји одлучија да се вратат на целосно дипломатско претставување“, се вели во соопштението.
„Обновувањето на односите со Турција е важна предност за регионалната стабилност и многу важна економска предност за граѓаните на Израел. Ќе продолжиме да дејствуваме и да го зајакнуваме меѓународниот статус на Израел во светот“, додаде Лапид.
Чавушоглу ја потврди веста и изјави дека Турција ќе продолжи да ги брани палестинските права и статусот на Ерусалим преку својот амбасадор во Тел Авив.
Официјалните претставници одлучија да го подигнат нивото на односите меѓу двете земји до целосно дипломатско претставување и да ги вратат амбасадорите и генералните конзули. Развојот доаѓа четири месеци откако израелскиот претседател Исак Херцог го посети Ердоган во Анкара, во прва посета на шеф на израелска држава на Турција од 2008 година.
Односите меѓу двете страни се напнати од 2018 година, кога израелските сили убија десетици Палестинци кои учествуваа на протестите на Големиот марш на враќањето во Газа, бидејќи демонстрантите бараа спроведување на правото на враќање на бегалците и крај на осакатуваната 11- годишна опсада на Газа. Турција ги отповика сите свои дипломати и му нареди на дипломатит на Израел да ја напушти земјата.
Извор:middleeasteye.net









